За центарот

Важноста на локалитетот првично како заштитено подрачје „Споменик на природата“ во 1994 од Градското собрание, а потоа и неговото техничко – историско значење беа една од причините ЕВН Македонија да пристапи кон градењето на Изложбениот Центар Матка. Во него се поставени повеќе експонати кои ја објаснуваат историјата на електричната енергија, почетоците на хидроцентралата како и најсовремените начини за производство на електрична енергија. Хидроцентралата се наоѓа на реката Треска, на излезот од клисурата, во близина на селото Матка, кое е на 14 km оддалеченост од Скопје. Кањонот Матка, каде што спаѓа и ХЕЦ Матка оттогаш биле составен дел на Скопје и нераскинлив дел од историјата.

Историја

Во триесеттите години на минатиот век, на излезот од кањонот е изградено вештачко езеро на реката Треска, со бетонска брана, за производство на електрична енергија. Градежните работи на браната започнале во 1935 година, а хидроцентралата започнала со работа во 1938 година со инсталиран капацитет од 4,2 MW.

Изградбата била обемна и бил колективен потфат, капитален проект на своето време, но најзаслужен за нејзината изградба е проф. Д-р Миладин Пеќинар идејниот автор на проектот, проектант и човекот што вршел надзор на изградбата. Кога браната била готова Пеќинар застанал на нејзиниот врв и извикал: „Ако отиде браната нека отиде со неа и тој што ја замислил“.

За време на Втората светска војна токму ХЕЦ Матка била еден од стратешките објекти околу која се воделе битки. Таа била цел на бомбардирање во текот на воените операции, при повекувањето на фашистичките сили. Дури имало и обид за нејзино минирање но, група партизани херојски ја одбраниле Матка. Браната на хидроцентралата Матка неколку пати го спасила и Скопје од поплави и тоа за време на големата полава во 1962 година и во 1979 кога браната задржала голерма количина на вода и придонела за спречување на поголеми катастрофи.

Во 2008 година е направена реконструкција и е изградена комплетно нова хидроцентрала. Со изградбата на нова машинска зграда, лоцирана во непосредна близина, старата машинска зграда престана со функција, по што во 2016 година е пренаменета во едукативно-изложбен центар.

Природни убавини

Подрачјето на кањонот Матка каде што е изградена ХЕЦ Матка претставува подрачје со високо ниво на биолошка разновидност, хетерогеност и ендемизам. Вкупниот број видови од фауната регистрирани на територијата на заштитеното подрачје кањон Матка достигнува 1474, што претставува релативно високо ниво на разновидност на видови. Исто така е утврдено присуство на 58 ендемски видови безрбетници, од кои 13 видови се балкански ендемити, 26 видови се национални ендемити и 19 видови се локални ендемити.

Акумулацијата „Матка“ е најстарото вештачко езеро во Македонија. Од езерото водата се користи за добивање електрична енергија, но и за наводнување на околните села. Во ова езеро се наоѓа и подводната пештера Врело, една од најдлабоките пештери во Европа, со длабочина повеќе од 203 метри, како и уште десетина пештери.

Во водите на реката Треска е утврдено присуство на 13 автохтони видови риби. Кркушка, тенкоопашеста кркушка, црна мрена, бела мрена, вардарски скобуст, вардарски клен, попадика, златна штипалка се балкански ендемити, додека видовите македонска пастрмка и вретенарка се национални ендемити. Исто така, констатирано е присуство на 32 вида водоземци и влечуги.

Контакт

Закажете посета на Изложбениот центар Матка на matka@evn.mk